Казна за грчкиот тенисер Стефанос Циципас – возел со 210 километри на час

by irena 17:12
17:12

Камери поставени на обиколницата кај Атина, го „фатија“ грчкиот тенисер Стефанос Циципас (27) како вози со брзина од 210 километри на час, по што му беа изречени и соодветни казни, објавија медиумите во Грција.

Грчкиот тениски ас поради возење со прекумерна брзина со автомобил „лотус“, ќе треба да плати парична казна од 2.000 евра и ќе му биде одземена возачката дозвола на една година.

Според грчките медиуми, тој е меѓу првите во Грција кои добиле дигитална казна преку платформата gov.gr по поставените „паметни“ камери на неколку централни булевари во Атина.

Слични вести