Кавадарци ќе добие затворен пазар

by fokus

Кавадаречките пазарџии нема повеќе да продаваат на отворено и да се справуваат со лошите временски услови, бидејќи наскоро градот ќе добие модерен затворен пазар.

Владата предводена од СДСМ на вчерашната седница донела одлука за отстапување на државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар, нешто што на Кавадарци, град со околу 38.000 жители, одамна му беше потребно.

,,На вчерашната седница, Владата на Република Македонија позитивно одговори на барањето на општина Кавадарци и донесе одлука за отстапување на државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар. Со оваа одлука се решава еден децениски проблем на локалната заедница и на граѓаните на Кавадарци. Истовремено, оваа одлука позитивно ќе влијае на економскиот и социјален развој на Кавадарци и на целиот регион. Ова е само една од низата мерки и проекти кои се однесуваат на нашиот град и нашите сограѓани. Следуваат и други мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Кавадарци“ – изјави денес Зоран Ѓорѓиев, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости