471
Амбасадорот на Словенија во НАТО, Јелко Кацин, во Брисел порача дека само од граѓаните во Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Алијансата, бидејќи, како што рече тој, одлуката во Грција е веќе усвоена.
-Штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина. Да не добиевме позитивна порака генералниот секретар денеска немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори – рече Кацин.
Тој посочува дека од Македонија зависи дали прифаќа компромис, во согласност со кој ќе го измени Уставот за веќе на почетокот од следната година македонските министри да присуствуваат на состаноците на НАТО.