Катругалос: Силјановска не го има оспорено Договорот од Преспа

by fokus

Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос и потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис во радио дуел за „Реал фм“, меѓу другото дискутираа за првиот и претстојниот втор круг од претседателските избори во Македонија.

Катругалос изрази надеж дека ќе победат силите што се борат против нетолерантноста, Хаѕидакис претпоставува дека ќе победи Пендаровски.

-Сакам да верувам дека ќе победат силите кои сакаат да се стави крај на нетолерантноста, но, исто така, сакам да истакнам дека дури и кандидатката на ВМРО ДПМНЕ не го има оспорено спроведувањето на Договорот од Преспа, рече шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.

Потпретседателот на Нова демократија објасни дека за Договорот од Преспа позицијата на партијата е веќе позната, а во однос на изборите истакна дека прашањето е дали ќе се постигне неопходниот консензус.

-Се чини дека веројатно е да се избере кандидатот на господинот Заев, поради тоа што, претпоставувам дека Албанците во вториот круг е пологично да гласаат за него, отколку за кандидатот на ВМРО, но секако прашањето е дали ќе се обезбеди потребниот консензус на изборите, 40 отсто, рече потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис за грчкото радио „Реал фм“.

Поврзани новости