Оштетена заштитната дрвена ограда пред Средно Водно

by fokus

Несовесни посетители уништиле дел од дрвената ограда пред Средно Водно во должина од десетина метри.

Заштитната дрвена ограда на оваа локација е поставена од Град Скопје со цел спречување паркирање возила и уништување на зеленилото и шумата.

Оградата ќе биде санирана во најбрз можен рок, а Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат поставената урбана опрема и да го почитуваат комуналниот ред.

Поврзани новости