Вистинските мажи не си ги купуваат девојките – Качер најави дигитална борба против трговијата со луѓе

by fokus

Познатиот холивудски актер Ештон Качер (40) преку својата организација „Thorn” во изминатите години успеал да спаси над 6.000 жртви на трговија со луѓе и нивна сексуална експлоатација.

За работата на „Thorn” која ја основал заедно со неговата поранешна сопруга, актерката Деми Мур во 2012 година, Кучер раскажа во интервју за „Си-Ен-Ен“ од каде упати порака до машката популација ширум светот – Вистинскиот маж не купува девојка! Тој изјави дека во изминатиот период неговата организација се повеќе се фокусира на трговијата со деца, која е распростанета ширум светот.

На телефонските линии на „Thorn” имало опција да се разговара дури на 200 светски јазици, со цел да се помогне во сузбивањето на трговијата со луѓе на глобално ниво.

Исто така, тој вети дека ќе се залага на интернетот повеќе да нема детска порнографија, а со помош на софтверот на „Thorn” наречен „Thorn’s anti-human trafficking software” биле идентификувани дури 5.791 жртва на трговија со луѓе, и биле спасени стотици деца.

-Цел ми е во наредната деценија да исчезне детската порнографија од интернетот. Трговијата со луѓе е најлошто нешто со кое се соочува општеството денес, и најчесто им се случува на луѓе кои живеат во сиромаштија, со слабо образование, нефункционални семејства… Најчесто и се започнува на интернет, и мора да заврши таму. Токму поради тоа „Thorn” и слични организации се борат со дигитални програми за да се стави крај на трговијата со луѓе – порача Качер.

Вики Клинчарова

Поврзани новости