Касами не оди во Тирана: Секогаш кога е во кал, Ахмети бара спас од Рама

by fokus

БЕСА попладнево соопшти дека нејзиниот претседател Билал Касами нема да отпатува на денешната средба со албанскиот премиер Еди Рама, бидејќи не прифаќа да седи на иста маса со Али Ахмети.

-Артан Груби но и Али Ахмети секогаш кога остануваат на раскрсница затоа што не знаат како да се справат со создадената ситуација во Владата бараат помош од Еди Рама или накратко го користат албанскиот премиер за помош да излезат од ситуацијата. И овој пат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се снајдат во оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го него и неговиот авторитет за да ги извлечат од кал каде што се заглавени две децении. Бевме пред шест години на состанокот на Еди Рама, каде што се заложивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците од Северна Македонија, но овој договор остана во Албанија и никогаш не ја виде светлината на денот. Зашто, така одлучија Артан Груби и Али Ахмети, велат од БЕСА.

Оттаму најавуваат дека наскоро ќе одат на тет-а-тет средба со Рама во Тирана.

-Движењето БЕСА и Билал Касами, секогаш кога ќе ја посетат официјална Тирана, таму наидуваат на топло гостопримство и ова гостопримство повторно ќе го имаме, многу брзо на средба со господинот Рама. Но, како сериозна партија, како партија која координира, а не како партија која во име на координација или помошта што ја бара ги користи и официјална Тирана и албанскиот премиер за лични интереси.

 

Поврзани новости