СЗО: Порастот на заразени во Кина не би требало да има поголемо влијание врз Европа

by Fokus

Зголемувањето на бројот заразени со корона вирус во Кина не би требало да има „значително“ влијание врз Европа бидејќи варијантите што циркулираат таму веќе се присутни во европскиот регион, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Не се очекува сегашното зголемување во Кина да има значително влијание врз епидемиолошката ситуација на Ковид-19 во европскиот регион“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.

Поврзани новости