Касами и Села бараат мултиетнички тимови во цела држава за спроведување на пописот

by Фокус

Албанските опозициски партии БЕСА и Алијансата за Албанците на Биљал Касами и Зијадин Села најавуваат дека ќе поднесат неколку амандмани во однос на законот за попис во насока на деполизирање на процесот преку, како што велат, формирање на мултиетнички тимови за спроведување на статистичката операција.

-За да имате веродостоен попис, нормално, тимовите кои ќе попишуваат на терен мора да го исполнат мултиетничкиот карактер. Како и во деловите со мнозинство Албанци, каде има мешани тимови, исто така мора да има и во источниот дел, таму каде што нема Албанци. Да има Албанци кои ќе попишуваат за на крајот да излеземе со прифатлив попис – изјави за Алсат М Аријанит Хоџа, генерален секретар на Беса.

Флакрон Беџети од АА, пак, посочи дека одредбите за попис на дијаспората треба да се ревидираат.

-Ова е добра можност граѓаните што живеат во странство да имаат можност нивниот матичен број да им го дадат на некого од семејството. Постои уште една можност да се попишат онлајн, а тука постои сомнежот дека ако еден дел се попишува преку роднина или член на семејството, и ако во исто време некои од нив може да биде попишан „онлајн“, ќе има проблем плус кога ќе дојде до вкрстување на податоците – рече тој.

ВМРО ДПМНЕ веќе соопшти дека ако не се вклучат во подготовката на Законот, можно е да го бојкотираат целиот процес.

Поврзани новости