Карл Билд во Скопје ќе се сретне со претставници на политички партии

by fokus 10:44
10:44

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билд пристигна во дводневна посета на Македонија со претставници на пан-европската организација „Европски совет за надворешни работи“.

Копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи ќе оствари средби со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и БЕСА денеска ќе имаат средби со Билд.

- Advertisements -

Кабинетот на претседателот на Македонија информираше дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но неговата денешна агенда била поинаква.

Поврзани новости