Запалена дива депонија во Струга, најавен протест пред општината

by Fokus

Празничниот викенд во Струга мина во чад и магла. Жителите на овој град велат дека веќе подолг период се сведоци на системското труење што се случува во целото струшко поле, заради секојдневното палење на струшката депонија, објави 24Вести.

Загрижени за благосостојбата и сопственото здравје, членовите на граѓанската иницијатива „Доста“ утре пред општинската зграда ќе се соберат да го искажат својот револт кон институциите за кои, како што велат, се „слепи и глуви за оваа ситуација“.

Поврзани новости