Карантин за викенд ќе го намали бројот на заразени и починати, тврди Даниловски

by fokus

Викенд-карантин е една опција за намалување на бројот на заболени и починати од ковид-19, вели епидемилогот Дрaган Даниловски во гостување на Телевизија 24.

„Начинот за да се намали бројот на позитивни и починати е со спроведување на 24 часовен карантин, полициски час од 24 часа во траење од еден викенд, ако треба и да се повторува, со што ќе се спушти нивото на позитивни, а со тоа и бројот на починати. Дали ќе биде тоа спроведено зависи од проценките на одговорните колеги во Комисијата за заразни болести којашто го советува министерот“, вели Даниловски.

Доколку нема нови мерки, со вакво темпо, според Даниловски до март ќе стекнеме колективен имунитет.

Поврзани новости