Во болниците се лекуваат 1.335 заразени со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.335 и има 140 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од Министерсвото за здравство.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости