Нови 56 пациенти хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

by Fokus 12:53
12:53

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 56 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид – центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести.

- Advertisements -

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои седум деца и 19 возрасни.

Вкупно 489 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Поврзани новости