1K
Доктор Жарко Караџовски на денешната прес конференција истакна дека ни се случува бум од новозаразени од ковид-19, потенцирајќи дека вирусот не е истиот како оној од ноември.
-Во последните три недели се случува еден бум на заразени, односно просекот се движи меѓу 1.200 и 1.300 случаи. За две до три недели се наполнија болниците. Имаме распространето ширење на вирусот, се уште имаме здравствени капацитети, но не можеме да направиме нови медицински кадри. Сепак сите досега биле згрижени, но здравствените работници се преморени, рече Караџовски, кој додаде дека дополнителните мерки се потребни за да не се случи колапс на здравствениот систем.