Караџовски не сакаше да коментира дали ќе понесе кривична одговорност за АКМИС системот

by fokus 18:16
18:16

Нема да коментирам ништо околу тоа дали ќе понесам лична одговорност ако бидат нотирани злоупотреби на АКМИС системот во Основниот суд Скопје 1, рече денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, одговарајќи на прашањето дали тој или некој од Судскиот совет ќе понесат одговорност, доколку биде утврдена злоупотреба.

-Немам коментар. Тоа што сум мислел да го соопштам, сум го соопштил и сега ќе го чекам Извештајот. Не е мое да соопштуваам дали сметам или не дека ќе бидам дел од тој Извештај. Тој што смета дека некој сторил некакво дејствије спротивно на закон, слободно треба да си постапи и да поднесе прекршочни или кривични пријави. Тоа никој не може да го забрани“, изјави Караџовски.

- Advertising -

 

Поврзани новости