Кампања на „Скопско“ која повикува на солидарност, заедништво и меѓусебна поддршка

by Fokus

„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“, познат цитат на Петре М.Андреевски, кој најстариот пивски бренд во земјава „Скопско“ го искористи како носечка порака во својата нова кампања со цел да повика заеднички да направиме да биде подобро.

-Kако бренд со најдолга историја на македонскиот пазар, речиси 100 години знаеме дека животот на ова тло е полн со предизвици, некогаш работите се движат кон подобро, некогаш не, но она што го научивме и во што веруваме е дека само заедно може да направиме да биде подобро. Токму тоа наше верување го пронајдовме во цитатот на Петре М. Андреевски кој е носечка порака во нашата нова кампања“, изјавија од „Пивара Скопје“

Кампањата е само дел од една поширока иницијатива на „Пивара Скопје“ која има за цел да ги инспирира луѓето преку личен придонес да направат да биде подобро.

Погледнете го видеото:

 

Поврзани новости