Камчев нуди дуќани во Центар и друг недвижен имот како гаранција дека нема да бега

by fokus

Бизнисменот Орце Камчев осомничен во случајот „Империја“ и клучен сведок во случајот „Рекет“ нуди деловни простории во Центар и хала од фабрика како гаранција дека нема да бега.

Од Апелацискиот суд не кажуваат детали колкава е гаранцијата што ја нуди Камчев и дали бара да му бидат вратени и двата пасоши, македонскиот и бугарскиот или само еден од нив. Неофицијално вредноста на недвижниот имот изнесува 3 милиони 188 илјади евра. Барањето го поднеле пред еден месец до Кривичниот суд и откако ова барање било одбиено, Камчев поднел жалба пред Апелација. Одбраната тврди дека бараат да му биде укината мерката за забрана за напуштање на државата.

Апелацискиот суд в четврток ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледува жалбата на бизнисменот кој минатата година доби времен пасош од тогашната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Поврзани новости