Милошоски: Градоначалникот на Лозово тормозел жена подолго време

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Атнонијо Милошоски денеска од Собранието ги обвини градоначалниците на Општина Лозово и Шуто Оризари за недолично однесување кон граѓани.

„Виолета Колева била долго време вработена во Општина Лозово. Таа била предмет на тормозење од градоначлникот. Наместо градоначалниците да служат за пример, тие ја загрозуваат безбедноста на вработените на нивното место. По две основи – финансиска и ја загрозува психички и душевно. Малтретирањето трае долго. Тоа се случува затоа што тој има подобри конекции со власта. Додека власта оди со вакви споредни закони сметам дека нема безбедност ни за вработените. Од друга страна, Курто Дудуш држеше трибини во Шуто Оризари, 2016/17. Последниве случаи покажаа дека кај Курто Дудуш постојат такви тенденции за злоупотреба на положбата и истата беше направена во просториите во општината кон негов сограѓанин. Ние имаме двајца градоначалници кои се пример како не треба да се однесува еден претпоставен на работно место“, вели Милошоски.

Поврзани новости