Ќе има ли Иванов храброст денеска да ги прими Бејли и Орав?

by Фокус 09:39
09:39

Амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Беји и Аиво Орав според некои информации денеска напладне е можно да се сретнат со претседателот на државата Ѓорге Иванов во врска со неговата одлука за аболиција на лица поврзани со дела што произлегуваат од прислушуваните разговори. Оваа средба следува по два дена криење на Иванов од високите меѓународни преставници. Тие побараа средба уште завчера кога беше соопштена одлуката за аболиција, но Иванов два дена се правда со работни обврски.

Инаку, Стејт Департемнтот реагираше на одлуката за општа аболиција која не е согалсно законите и Уставот.

- Advertising -

Од канцеларијата на заменикот-државниот секретар на САД и портпарол, Џон Кирби, повикаа македонскиот претседател да ја преиспита својата одлука за аболиција на лица кои што се предмет на истрага. -Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени по одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за аболиција на лица кои што се предмет на истрага, а во врска со скандалот за прислушување. Доколку оваа одлука биде имплементирана, тоа ќе значи заштита за корумпираните официјални претставници, како и порекнување на правдата за македонскиот народ. Воедно, тоа ќе значи натамошно подривање на владеењето на правото во Македонија, интегритетот на македонските правни институции и кредибилитетот на лидерската определба спрема фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ, изјави Кирби.

Поврзани новости