ЈСП му испрати фактура од 53.000 денари на здружението „Бадникови поворки“

by fokus

ЈСП Скопје денеска му испратило фактура со износ од 53.000 денари на здружението „Бадникови поворки“ за превоз на децата од општините до црквата „Свети Димитрија“.

За превозот на децата биле изнајмени вкупно 18 автобуси – двокатни, нископодни и минибуси.

7.000 деца во саботата прво одеа кај градоначалниците на општините, каде ја пееја божикната песна „Вечниот бог“, а градоначалниците ги даруваа со пакетчиња и подароци. Потоа со автобуси дојдоа пред црквата „Свети Димитрија“ од каде во поворка се упатија кон Соборниот храм каде се одржуваше традиционалната бадникова прослава.

Поврзани новости