ЈПКД Маврово: Земјотресот ја замати водата, немојте да ја пиете!

by Fokus

Македонија утрово беше будна по силниот земјотрес кој беше почувствуван во регионот на Маврово, неколку минути пред 5 часот.

Поради земјотресот, надлежните органи од Маврово не препорачуваат водата од чешмите да се пие, поради нејзина заматеност.

„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми да не ја пиете“, велат од ЈПКД Маврово.

 

Поврзани новости