ЈП „Македонија Пат“ има долг од 7 милиони евра

by fokus

Државни фирми и претпријатија, познати бизнисмени и физички лица и овој пат најголеми должници на државата според објавената листа на Управата за јавни приходи.

Според листата најголем долг овој пат има  „Отекс“ од Охрид со над 11 милиони евра.

Зад него е јавното претпријатие „Македонија пат“ чиј долг достигна над 7 милиони евра.

Не изостанува од листата ниту МРТ која има долг од 91,832,757 денари.

Последната листа е за долгови доспеани до 31.03.2017 и неплатени до 30.06.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Поврзани новости