Јавното обвинителството будно го следи овој настан, од една страна доаѓаат информации дека се врши форензичко бришење на одредени компјутери од СЈО, од таму уследи демант дека не се врши бришење на податоците, вели во интервју за Канал 5 државниот обвинител Љубомир Јовевски.
–Како што е познато имаме оформен предмет, доколку обвинителството дојде до цврсти сознанија дека се бришат податоци ќе преземе соодветни мерки согласно законот – рече Јовевски.
Тој смета дека во новото Обвинителство треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО во смисла на буџет и кадар.
–Познато е дека СЈО има ресурси во делот на кадри и во делот на финансии. Јас не сум за тоа овие ресурси да се изгубат, туку со интегрирањето на ова Обвинителството со Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да се задржат овие ресурси во рамките на новото Јавно обвинителство – рече Јовески.