Јовановски: Ќе се откажам од посвојување деца, но ќе дадам финансиска поддршка на семејство кое ќе посвои

by fokus

Бојан Јовановски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека поради сите напади кои ги доживеа изминативе денови, ќе ја остави неговата желба за посвојување деца за некои подобри времиња.

-Го чекав ова гостување. Донесов одлука, поради негативната кампања и се што доживеав изминативе денови. Мојата желба за посвојување на три деца ќе ја оставам за некои подобри времиња. Ќе се откажам од својата желба и идеја. Ќе се откажам под еден услов. Ова ми тешко да го зборувам. Ќе се обврзам да бидам финансика поддршка на семејство кое ќе одлучи да посвои деца. Ќе се грижам за тие деца комплетно до 18 години. Ќе се обврзам по 18 години, да партиципирам со неговите родители и во високото образование и вработување, рече Јовановски.

Тој додаде дека ако семејството одлучи да посвои дете со пречки во развојот, целосно ќе се грижи и за него заедно со семејството.

Поврзани новости