Јовановски го цитираше Гоце Делчев: Министерството за култура ја утна работата!

by fokus

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, на денешната седница за пратенички прашања, говореше за финансиската распределба на Министерството за култура за одредени проекти, која крена голема прашина кај јавноста.

„Ова не е добра распределба на финансиските средства во културата. Како што би рекол нашиот револуционер дека „Го подразбира светот како поле за натпревар на народите“. Мислам дека тука Министерството за култура ја утнало работата. Откако се објави распределбата на финансиските средства, имаше лавина од незадоволство. Тие незадоволства не можам да ги прифатам затоа што беа еднострани. Сите кои реагираа, го направија тоа затоа што нив не им доделиле, или им доделиле малку средства. Секој има право да се лути и да размислува.

Поврзани новости