На гостување во „360 степени“, на Алсат-М, адвокатот Сузана Јошевска-Анастасовска, која истовремено е и советник во СЈО, отворено зборуваше за проблемите со кои што обвинителството се соочува при финансиските истраги.
Таа објаснува дека финансиските истраги и онака траат доста подолго од другите, затоа што треба да се обезбедат многу документи, за кои што е потребно и повеќе време за да се анализираат од стручни лица.
-СЈО имаат потешкотии да најдат соодветно вешто или стручно лице, бидејќи повеќето одбиваат да соработуваат, истакна адвокатката Јошевска- Анастасовска.