СДСМ сака нова влада, ВМРО-ДПMНЕ избори

by fokus

Очекуваме државничко однесување, следува процес на формирање на новата влада според мнозинската волја на граѓаните, велат од СДСМ во денешното соопштение.

Од СДСМ посочуваат дека 67-те пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани, очекуваат Парламентот и претседателот Ѓорге Иванов да одговорат на своите уставни должности и да го овозможат доделувањето на мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ, пак,смета дека нови предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза во која, како што велат, СДСМ по изборите повторно ја втурна државата. Во нивното соопштение се вели дека Заев ја прифатил платформата во обид да се спаси себе си и својата криминална дружина.

Поврзани новости