Димовски: Прво се рзгледуваат предлозите, еден, десет или сто, па се избира претседател на Собрание

by fokus

Политички партии утре, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието која започна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што партиите немаа договорено парламентарно мнозинство и не можеа да изберат претседател на законодавниот дом, пишува Мета.

Според собраниската агенда, за утре во 12 часот е закажано продолжението на конститутивната седница, а како единствени две точки на дневен ред се предвидени изборот на членовите на Комисијата за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.

Партиите по неколку дена преговарање одлучија Комисијата за избори и именувања да има шест членови од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, ДУИ и Беса да имаат по еден член, а претседател да биде Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски најави дека утре единствена точка по која Собранието ќе расправа и одлучува е изборот на составот на Комисијата за прашања на избори и именувања.

– Потоа, според процедурата, треба да се свика седница на Комисијата за прашање и именувања, таму да се разгледаат еден, два, три, десет или сто предлози за претседател на Собранието и утврдениот предлог од Комисијата да се достави до претседавачот на конститутивната седница, и тогаш тој ќе може да свика седница за избор на претседател на Собранието – изјави Димовски, без да каже дали тие како партија тие ќе имаат свој предлог за претседател на Собранието.

Засега е познато дека Талат Џафери ќе биде кандидат за претседател на Собранието од ДУИ, а свој кандидат ќе има и партијата БЕСА.за кој кажа дека има поддршка од парламентарното мнозинство.

Претседател на Собранието според Уставот и деловникот се избира и изгласува со мнозинство од 61 глас од пратениците.

Поврзани новости