Јордан го осуди израелскиот упад во болницата: Тоа е кршење на меѓународното право

by Fokus

Јорданското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое ја осудува израелската воена акција во болничкиот комплекс Ал Шифа.

„Ова е кршење на меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции од 1949 година кои се однесуваат на заштитата на цивилите во време на војна“, соопшти Министерството, додавајќи дека Израел сега е одговорен за безбедноста на цивилите и медицинскиот персонал кој работи во болницата.

Поврзани новости