Јавната администрација се соочува со превработеност и со недостаток на стручен кадар

by fokus

Јавната администрација се соочува со превработеност, но има недостаток на стручен кадар. Ова беше заклучукот на денешната прва средба од серијата дебати со граѓанскиот сектор на тема „Реформа на администрацијата“, организирана од страна на Министерството за информатичко оштество и администрација.

„Потребни се итни реформи. Јавната администрација во Македонија е силно исполитизирана, а реформите траат од 1999 година и не резултираат со ефикасност. Мора да се дефинира краен рок и да се усвои стратегија за реформа на јавната администрација која ќе овозможи влез на стручен кадар во администрацијата„, изјави министерот Дамјан Манчевски на средбата.

Тој посочи дека таков е случајот во повеќе министерства и како пример го истакна Министерството за информатичко општество и администрација, каде, како што кажа, проектите ги водат ИТ кадри од АЕК.

Според Манчевски, целта на министерството е да се направи функционална анализа на јавната администрација со помош на невладините организации, за да се направи соодветна распределба на вработените кои немаат соодветен ангажман.

Министерот за информатичко општество и администрација додаде дека ќе се укинува моделот на оценување и казнување на јавната администрација, потврдите за познавање на англиски јазик и психолошките тестови за вработување во администрацијата.

 

 

Поврзани новости