ЈП „Македонија Пат“ има долг од 7,4 милиони евра за неплатен данок

by fokus

Управата за јавни приходи денеска ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 28.02.2017 и неплатени до 31.05.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата има повеќе од 4.000 должници, меѓу кои има државни и приватни компании, но и бизнисмени и физички лица.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ се најде на листата. Претрпијатието должи околу 7,4 милони евра за неплатен данок на добивка и за ДДВ. Од бизнисмените најмногу пари должи бизнисменот Бајруш Еврзија Сејдиу од Куманово, кој има 1,8 милиони евра неплатен данок.

Поврзани новости