Јас сум жива, а вие вдомете мачка – вели Елиса, првата жена која прими потенцијална вакцина за Ковид- 19

by fokus

Елиса Гранато (32) е првата жена во Европа која ја прими потенцијалната вакцина против корона вирус на универзитетот во Оксфорд пред четири дена.

Таа и самата е научник, микробиолог, и голем борец за правата на животните, а набргу по примањето на вакцината изјави дека со тоа што волонтерски ја примила истата, сакала да го поддржи процесот.

Но, денес во повеќе светски медиуми се објави веста дека Елиса починала од последици од пробната вакцина. Веста исто така беше пренесена и кај нас во одредени портали.

-Се будиш и гледаш лажна вест за својата смрт. Јас сум добро, да знаете сите. Ве молам да не ја споделувате лажната вест, да не им давате внимание и кликови. Наместо тоа, вдомете си некоја слатка мачка – напиша Гранато на Твитер.

Вики Клинчарова

Поврзани новости