825
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека неговата партија се залага за целосна департизација на правосудството.
-Ние го најавивме тоа и во следниот период ќе излеземе и со делови од програмата за судството. Ќе излеземе и со сет на мерки за рефома на правосудството. Да, нашата цел е нулта корупција и неселективна правда. Буквално секој што се огрешил пред законот да одговара, рече Јанушев.