Маричиќ: Чулев доведе во опасност меѓународна акција против дрога, која се водеше цела година

by fokus

Бојан Маричиќ од СДСМ и владин советник вечерва во гостување на Алсат М го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев дека ја довел во опасаност меѓународната акција против дрога.

-Во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни тези на ВМРО-ДПМНЕ, дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка на поткрепа на таа лажна слика, се растури, односно се доведе во опасност една сериозна акција за борба против дрогата, во меѓународен канал, во акција којашто е работена повеќе од година дена. Значи, почната е во време кога премиерот Спасовски беше министер за внатрешни работи и за едно кило кокаин се доведе во прашање акција којашто навистина требала да биде за 1,3 тони, рече Маричиќ.

Поврзани новости