Јанкулоска за поразот во Центар: Контра ни се сврте корупцијата и становите, Центар не е Јагуновце!

by fokus

На денот на локалните изборите во 2013 година, за вториот круг, Миле Јанакиески и Јанкулоски споделуваат мислења за тоа зошто е тешко да победат во Центар.

Јанакиески и вели дека според него контра им се свртела целата работа околу гласачите од Пустец. Јанкулоска пак му вели:” Контра ни се сврте корупцијата, становите… Во Центар живее интелектуална маса, не е тоа Јагуновце”, заклучува Јанкулоска.

Потоа му вели на Јанакиески дека е можно да го добијат Центар доколку се договориле со ДУИ, или ако поништеле на неколку избирачки места. На ова Јанакиески ја прашува дали има основ за поништување, а министерката му вели:” Колку што имаше за Струмица”!

Ова се дел од бомбите кои беа презентирани за случајот “Титаник”.

Поврзани новости