Груби: Одговорноста за бегството на Груевски прво треба да ја бараме во нашата земја

by fokus

Треба да се одреди одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, посочи Артан Груби при гостувањето на емисијата „Патот кон“.

На прашањето на новинарката од емисијата „Патот кон“ дали одговорноста првично треба да ја бараме во нашата земја, Груби одговори – „Апсолутно. Зашто не требаше да биде дозволено тоа осудено лице да замине од Република Македонија и да бара азил во една земја на ЕУ“.

-Одговорноста почнува од кај нас на начин да се обелодени целиот процес на неговото бегство, сега не ми текнува датумот, бидејќи целата јавност чекаше поранешниот премиер да си ја отслужи казната за која беше осуден од судот како последица на процеси кои произлегоа од нелегалните прислушувања од 2015 година па навака. Ценам дека нашите институции, особено министерство за правда но и Владата, треба да направат се преку институциите во Брисел и при директните контакти со унгарските органи да го вратат Груевски во Македонија на начин да докажеме дека во нашата земја има промена на менталитетот. И во нашата земја нема веќе никој кој е над законот, но сите одговараат исто – рече Груби.

Поврзани новости