Јанева: Груевски беше повикан во својство на сведок

by fokus 15:17
15:17

Околу два часа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се задржа денеска во Специјалното јавно обвинителство каде што беше повикан на распит. Веднаш по разговорот, шефицата на СЈО, Катица Јанева, изјави дека Груевски бил повикан во својство на сведок.

Како што појасни таа, станува збор за предистражна постапка која се води за финансиски крминал, односно за земена провизија за електрична енергија. Постапката е новоотворена по извршено вештачење на два телефонски разговори кои не се објавени во медиумите.

- Advertisements -

Предистражната постапка, во која Груевски е повикан како сведок, според Јанева, имала сличности со финансиските истраги што веќе се водат пред СЈО.

Поврзани новости