Излета возило од автопатот Скопје-Велес, возачот со хеликоптер префрлен на Ургентно

by fokus

Возило марка „сеад кордоба“ излетало денеска на пладне од автопатот Скопје – Велес при што со повреди се здобил возачот. Несреќата се случила околу 12 часот на овој автопат после тунелот.

Како што информираат од полицијата, возачот веднаш потоа со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Од таму, пак, соопштија дека во тек се дијагностички испитувања врз повредениот.

На оваа делница нема застој во сообраќајот.

Поврзани новости