Јанчева: Советниците и граѓаните треба да знаат по која одлука сега се реализира јавниот превоз

by Fokus

​Советничката од СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева, на денешната седница порача дека советниците мора да добијат Информација за јавниот градски превоз за да можат изворно да се запознаат со сите детали за состојбата со јавниот превоз.

„Сега имаме градски превоз кој го реализира само ЈСП и ние треба да знаеме по која одлука за линиски превоз се реализира јавниот градски превоз во Скопје. По актуелната одлука која важи од 2015 и за која сме носеле измени, јавниот градски превоз го реализира ЈСП и одреден број, околу 15ина линии кои го реализираат приватните превозници. Претпоставувам дека тие линии сега ги реализира ЈСП, меѓу тоа дали тоа одговара на возниот ред што сме го изгласале?“ порача Јанчева.

Поврзани новости