Јанчев: Бев да се повика на гласање против, но и мојот став е сличен со оној што го соопшти Мицкоски

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, во вечерашното гостување на телевизија Телма уште еднаш повтори дека тој бил да се оди на опцијата граѓаните да се повикаат да гласаат против на референдумот, но додаде дека и тој став е сличен на оној што на крај го усвои ВМРО-ДПМНЕ.

-Од повеќето опции, јас лично имав став дека треба да се гласа против. Но, со гласањето на ИК, ова не помина, победи опцијата која ја соопшти претседателот. Мојот став беше да е повика членстово да гласа против Договорот, а не против ЕУ и НАТО. Мојот став е и сличен со оној став што го соопшти Мицкоски. Јас сметам дека е добро што не се одлучи да се повика на бојкот, рече Јанчев.

Поврзани новости