Харадинај: Албанците треба да се определат за Македонија во ЕУ и НАТО

by fokus

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска се сретна со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Македонија, Мендух Тачи, по што порача дека „Албанците треба да се определат за Македонија во ЕУ и НАТО“, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Денеска имав прилика да се сретнам официјално со Мендух Тачи и да поразговараме за актуелните теми тука и во Македонија, а посебно за заедничката тема – Албанците. Велиме „да“ за референдумот во Македонија и за нејзиното зачленување во НАТО, изјави Харадинај по средбата.

Гласот „за“ на референдумот за името на Македонија, според Харадинај, е во интерес на Албанците и на стабилноста во регионот, додека евро-атлантската ориентација е гаранција за нивната иднина.

Лидерот на ДПА изјави дека партиите на Албанците во Македонија работат за обезбедување позитивен резултат на референдумот од 30 септември.

– Главно прашање за кое разговаравме денеска беше референдумот во Македонија. Тоа е историски момент за Албанците во Македонија и сите албански политички партии работат во тој аспект, изјави Тачи.

Тој изрази оптимизам дека резултатот на гласањето на референдумот ќе биде позитивен.

Поврзани новости