Богојески: И гласот „против“ е глас за Македонија!

by fokus

Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески го соопшти својот став за референдумот и вели дека согласно партискиот став, секој граѓанин треба слободно да се определи како ќе гласа.

-Одлука базирана на вредности може да го надживее времето во кое е донесена!
Одлука базирана на емоции, трае колку ланскиот снег!
ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, како конзервативна опција, на пиедесталот на општеството го става човекот – поединецот и индивидуалните негови права!
Суверен на Македонската Република е нејзиниот граѓанин!
Секој граѓанин на Република Македонија, на 30ти септември на денот на Референдумот, сам по свое убедување да одлучи како ќе гласа, ЗА или ПРОТИВ “Преспанскиот договор”!
Одлуката на народот ќе биде конечна за сите нас! И гласот „против” е глас за Македонија!, вели Богојески.

Поврзани новости