1.2K
Некогашниот градоначалник на Општина Карош, Стевче Јакимовски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 говореше за состојбата со дивоградбите во градот, но и ја повика државата слободно да го испита неговото работење.
„Ниту еден стан немам. Одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Од 100 години наназад, ние за политичко мислење би се убивале. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во југоисточна Европа“, вели Јакимовски.