519
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринското гостување на ТВ 24 зборуваше и за поразот на Мило Ѓукановиќ во Црна Гора и рече дека тој ја извел државата на прав пат и ја внел во НАТО.
-Очигледно дека овие 30 години колку и да си добар предизвикува фрустрации и огромна негативна енергија кон него, како човек кој што континуирано владееше со Црна Гора. Прашање е дали ќе замине од политиката. Мислам дека ова е дел од договорот во Охрид, во кој што за да се релаксираат односите на Косово, српската заедница во Црна Гора исто време сериозно врши притисок врз Ѓукановиќ. Мислам дека новиот претседател Јаков Милатовиќ е западна инсталација, рече Јакимовски.