По 96 отсто обработени гласови се намалува водството на ГЕРБ

by fokus

Со обработени 95,89 отсто од гласовите заклучно со 11 часот, коалицијата ГЕРБ – СДС останува во водство пред коалицијата на „Промените продолжуваат“, но разликата падна под два отсто.

Распоредот на силите во моментов изгледа вака:

ГЕРБ -СДС – 26,51%
„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија “ – 24,90%

„Преродба “– 14,38%

ДДВ – 12,95%

„БСП за Бугарија“ – 8,97%

„Има таков народ “ – 4,16%

„Бугарски пораст “ – 3,13%

„Левица “ – 2,25%

Поврзани новости