Јахоски стана градоначалник по петти пат на Пласница

by Fokus 14:28
14:28
Исмаил Јахоски од ДУИ, од Општина Пласница, по петти пат ќе биде градоначалник, откако вчера освои 1.449 гласови, наспроти својот против кандидат од СДСМ, Шпресим Ајароски, кој освои 945 гласа. Со тоа, Јахоски стана еден од градоначалниците со најдолг стаж во земјава.

Педесет и четири годишниот градоначалник е роден во Пласница, каде каде завршил основно училиште, а потоа завршил и средно економско училиште. Работел во земјоделска задруга, а од 1988 година во приватна фирма. Од 1993 година основал сопствено претпријатие „Пуцко-Петрол“ кое располага со повеќе бензински пумпи и се занимава со промет на нафтени деривати, градежни материјали и други дејности. Во него има повеќе од 100 вработени. Женет е и има четири деца. Бил избран за градоначалник на Општина Пласница на локалните избори во 1996 година, во 2000 година, потоа во 2009 година и по четврти пат во 2013 година.

- Advertising -

На вчерашните избори, освои 59,12 проценти од гласовите. Освен Јахоски, во регионот познат е и загребскиот градоначалник Милан Бандиќ, кој моментално е среде шестиот мадат. Во Македонија законски нема ограничување на мандатот.

В.К.

 

Поврзани новости