Шилегов: Очекувам Трајановски да ми се јави и да ми ја честита победата

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, денеска прогласи победа во прв круг во Град Скопје.

-Резултатот е јасен: СДСМ го доби Скопје уште во првиот круг. Се раѓа ново Скопје“, изјави Шилегов и додаде дека новата администрација ќе биде сервис на граѓаните.

На прашање дали се слушнал телефонски со неговиот против-кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник, Коце Трајановски, Шилегов одговори дека сè уште нe. Додаде дека очекува по прес-конференцијата Трајановски да му ја честита победата и да го признае поразот на локалните избори.

Според првичните неофицијални информации на ДИК, Петре Шилегов освои 137.566 (50,29%), а Коце Трајановски 98.617 гласови  (36,05%).

Поврзани новости