Ивица Коневски му ја честиташе победата на Златко Марин

by fokus

Ивица Коневски преку социјалната мрежа фејсбук му ја честиташе победата на неговиот противкандидат од СДСМ, Златко Марин.

-Почитувани граѓани, дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера.
Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене.
Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата.
Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром, напиша Коневски.

Поврзани новости