737
Угледниот научник Стивен Хокинг ја шокираше научната јавност тврдејќи дека не постојат црни дупки. Хокинг, кој самиот ја постави теоријата за црните дупки, во неделникот “Нејчр” изнесе нова теза за тоа што астрофизиката го смета за факт повеќе од 40 години. Тој сега се негира себеси и тврди не постои таканаречениот “хоризонт на случувања”, невидлива граница околу секоја црна дупка зад која ништо, дури ни светлината не може да побегне.
Што друго да се каже на ова освен дека и на Стивен Хокинг не може да му се верува.
Група научници блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ подготвува билборди со кои ќе ја предупреди научната јавност во Македонија дека на Хокинг не може да му се верува, за да не подлегнат на некоја негова следна теорија.